Сите градски улици и булевари се проодни еден час по завршувањето на бурата. Сите пожари се изгаснати, паднатите дрвја отстранети, а единствено останува дорасчистувањето по општинските улици каде интензивно работиме заедно со општините, изјави началникот на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, Емил Дуровиќ.
Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин и општинските служби се на терен по големото невреме кое го зафати скопскиот регион. Се детектираат и санираат настанатите штети и поплавени области.
Искршени ветробрански стакла, каросериски штети, а некои од оштетните автомобили ќе завршат и на буниште.Ветерот дувал со брзина над 80 километри на час, и не може да биде исплатена штета, бидејќи над 72 километри на час се смета за временска непогода, велат од кризниот штаб на Град Скопје формиран по бурата.
Не е загатка. Резултат на невремето е. Но, никој нема да добие оштета од штетите кои ги направи невремето во Скопје.
Невремето кое го зафати Скопје во текот на денешниот ден, штети и проблеми има и кај матичната служба поради паднатите дрва.
Невремето предизвика големи штети низ главниот град, а не беше одмината и боемска улица. Еве каква е таму ситуацијата.
Општина Центар по денешното невреме, формира општинско координативно тело за увид на јавните површини погодени од невремето и констатација на штетите.
Сообраќајот по улиците во Скопје по невремето е нормализиран. Пренасочувања имало кај кружниот тек кај Континентал и на улица „Цветан Димов“. Пријавено е оштетување на 10 возила.
Кратка но поројна бура со ветрови од над 80 км/ч претпладнево го зафати Скопје и предизвика бројни штети врз јавниот и приватниот имот и зеленило.
Сите јавни претпријатија, Противпожарната бригада и сообраќајната полиција со сиот свој човечки потенцијал се на скопските улици во заеднички напори да се отстранат проблемите во најбрзо време, информираат од Град Скопје.