Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери попладне ќе се обрати на отворањето на хуманитарната кампања „Македонија ти си сончоглед“.
За непрописно паркирање викендов на подрачјето на Град Скопје изречени се мерки за 244 возила, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 37 возила.
Годинава ЈП „Градски паркинг” планира за околу 1.500 паркинг места да го зголеми зонското паркирање во градот. Според Годишниот извештај на претпријатието, зонско се предвидува на една улица во Автокоманда, четири во Кисела Вода, на три во Карпош1 и во Лептокарија.
Во 21:29 часот, во Скопје се почуствува земјотрес. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) епицентарот бил во 6 километри источно од Скопје, а земјотресот бил со јачина од 2,8 степени според Рихтер на 1 километар длабочина.
Пред неколку минути Скопјани почувствуваа краткотраен земјотрес. Според првичните неофицијални информации епицентарот е во Северот на Скопје на границата со Косово.
Организатор на четвртата ревијална трка е Стопанска банка АД Скопје. Стартот на трката е од порта „Македонија“, десно долж улицата „Димитрије Чуповски“, десно по улицата „Даме Груев“ до булеварот „Илинден“, со целно место во Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев.
Сообраќајот на булеварот „Илинден“ пред Владата на Република Македонија е затворен поради најавениот политички митинг од 20 часот, соопштија од МВР.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов порача дека град Скопје секогаш ќе биде поддржувач на вакви хуманитарни акции и ги повика сите хумани луѓе да учествуваат во купување на производите за хуманитарни цели.
Во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар вечер од 20 часот на ОФФест ќе гостува италијанската група „Офичина Зое“ (Officina Zoe). Шесте нејзини членови ќе го претстават „пицика тарантата“ - народен танц и музички стил од јужна Италија.
Во организација на Црвениот крст на град Скопје денеска ќе се одржи натпревар по Прва Помош во категорија подмладок, односно ќе се натпреваруваат ученици од основните училишта на ниво на градот Скопје.