Проектот за изградба на трим патеката е предвиден и во Стратешкиот план за развој на општина Илинден за 2022-2026, а локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму во реализација на проектите.
Делегација на општина Гази Баба предводена од градоначалникот Бобан Стефковски учествува на саем за промоција на општината пред инвеститори во Сараево, Босна и Херцеговина.
Се додека јас сум градоначалник на Општина Бутел законите ќе важат за сите подеднакво, без отстапки!
Примероци од вода земени на 47 мерни места во Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП Водовод и канализација - Скопје, соопштувајќи резултати од неделниот извештај за анализа на водата за пиење.
Од НСПМ укажуваат и бараат од Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, локалните самоуправи, како и другите надлежни органи од областа на нивното делување да помогнат во справувањето со предизвиците кои ги носи оваа професија.
Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска поделија домашно овошје на дечиња згрижени во градинката „Кочо Рацин“, објект Панорама, во Скопје, со што ја стартуваа кампањата „Здрав оброк за секое дете“.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски заедно со министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ја посетија градинката „Кочо Рацин“, објект „Панорама“ каде што ја стартуваа кампањата на МЗШВ „Здрав оброк за секое дете“.
- ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје известува дека денеска, од 11:35 часот, без вода ќе бидат корисниците од улицата „Стефан Јакимов Дедов“ и дел од „Владимир Полежиновски“ во Центар.
Јавното претпријатие Лајка од денес започнува со стратешко заловување на кучиња во општина Аеродром.
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопјe минатата недела санкционираа 208 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.