Поради одржување марш на мирот во организација на Бошњачкиот национален совет на Република Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Кривична пријава доколку не се постапува и барање за расформирање на ЈП Комунална хигиена и предавање на ингеренциите и механизацијата на општините, најавија скопските градоначалници по денешната итна седницата на Скопскиот плански регион.
Функционирањето на јавниот градски превоз ќе функционира редовно и без задршки и покрај наводите на одредени медиуми и структури дека Скопје утре ќе остане без јавен превоз, се вели во реакцијата на ЈСП објавена на нивниот фејсбук профил
Автобусите на ЈСП утре ќе возат по редуциран возен ред, бидејќи вработените ќе штрајкуваат пред управната зграда на јавното претпријатие од 4:30 часот до 12:30 часот, изјави за МИА Елизабета Тошевска, претставник на Синдикатот Спајс при ЈСП.
Градската администрација го има донесено градот до степен на апсурд и за жал наместо преземање мерки за решавање на проблемот слушаме говори полни со навреди.
Герасимовски рече дека утрово разговарал и со директорот на депонијата „Дрисла“ по што добил ветување дека во текот на денот рампите ќе бидат кренати.
Скопскиот плански регион бара итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот со комуналната хигиена.
Два камиони за собирање на смет беа испратени синоќа на помош на Општина Аеродром за собирање на смет од страна на комуналното претпријатие „Исар“, изјави за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
Поради уличен дефект на „Јадранска Магистрала“ бб, во близина на Комодита, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Индустриска зона Визбегово, вклучително центарот за дијализа „Диаверум“.
Без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од улицата „Андреја Зограф“ во Општина Ѓорче Петров во Скопје.