Реконструкцијата на стадионот која се спроведува во неколку фази, Општина Илинден ја реализира во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Од Општина Сопиште денеска до медиумите испратија допис во кој информираат за нередовен јавен превоз во општината. Бараат од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) да обезбеди контиуниран и навреме јавен превоз особено на линијата 58.
Општина Ѓорче Петров официјално објави дека 2024 година е историски најуспешна во економски поглед. Според најновите податоци, буџетот за оваа година е реализиран во 76 отсто, а општинските приходи достигнаа рекордни 326 милиони денари, се наведува во соопштението на Општината.
Оваа акција е јасен показател дека Ѓорче Петров оди напред, со фокус на подобрување на секојдневниот живот на своите граѓан
Инспекцијата за животна средина на Град Скопје денеска изврши вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро.
Ова е еден од четирите проекти кои ќе се реализираат во општина Гази Баба со средства од државниот буџет.
Јас би сакал да ја искористам оваа прилика да честитам и на градоначалникот и на министрите и на сите оние коишто беа вклучени во овој процес, да отпочнеме со реализацијата на овој проект, бидејќи ценам дека на општина Гази Баба ѝ е потребно едно вакво место.
Иднината на одржливиот транспорт и подобрување на квалитетот на воздухот преку воведувањето на електричните возила во јавниот транспорт беше тема на форумот „Електробус“, кој се одржа денес на Машинскиот факултет.
Настанот, според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски е одлична можност за размена на искуства со италијанските пријатели за разубавување на животот преку примери за надминување на нееднаквостите, урбана иновација, технологија и одржливост.
Министерот Перински ја истакнал важноста на ваквите директни средби со граѓаните и потенцирал дека Министерството за локална самоуправа останува посветено на поддршката на општините преку програми кои обезбедуваат балансиран локален развој.