По повод 1 Јуни, Меѓународниот ден на детето, попладнево на „Школка“ во Градски парк ќе биде изведена претставата „Волшебникот од ОЗ“.
Во недела (04.06.2023 год) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Црвен крст на град Скопје денеска во Зоолошката градина во Скопје организира настан за одбележување на Светскиот ден на згрижувачи - 1 Јуни, со цел да се подигне јавната свест за формата згрижување како позитивен пример во општеството.
-Почнување постапка за изготвување Локален еколошки акционен план на Општина Ѓорче Петров е исто така одлука за која советниците денеска дадоа „зелено светло“, информира Општината.
Со завршна приредба, детската градинка „Гоце Делчев” од општина Илинден испрати уште една генерација во прво одделение. Со драмска претстава „Црвенкапа и волкот“, песни и игри, идните првачиња, се поздравија со своите воспитувачки, информираат од општина Илинден.
Од општината посочуваат дека проектот е реализиран со различни активности кои, како што велат, ги воведоа децата подлабоко во светот на книгата, а тоа предизвика силен интерес кај најмладите.
Од утре почнува летното работно време на јавните површини наменети за паркирање - зонско, со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје известува дека денеска, од 11:15 часот, без вода ќе бидат корисниците од улица „ Александар Турунџов“ во Бутел 2.
Во текот на изминатите два дена, непознати сторители опожариле три сада наменети за одлагање комунален отпад на главната улица во скопската општина Ѓорче Петров.
Арсовска во обраќањето ги спомна поранешните долгови од претходните градоначалници, за кои рече дека освен основните долгови, Градот сега должи и милионски суми како плус од каматните стапки за тие долгови.