Приватните автобуски превозници, по долгогодишна пауза од денеска повторно започнуваат со сообраќање низ скопските улици откако вчера постигнаа нов договор со Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.
Со одлука на Владата, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и формално правно стана сопственик на дел од објектите во кругот на поранешната касарна „Илинден“ каде ќе биде сместен универзитетскиот кампус.
Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје на социјалните мрежи објави дека е потпишан договор со приватните автобуски превозници и тие повторно ќе почнат да сообраќаат низ улиците на главниот град.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре во периодот од 12:00 до 14:30 часот, поради одржување на синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на Град Скопје.
Здружението за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“ бара од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) итно поништување на наредбата за еутаназија на бездомни кучиња позитивни на лајшманиоза.
Скандалозно и несериозно е тоа што Министерството за труд и социјална политика, преку соопштение до медиумите не извести дека ни ги одзема надлежностите за детската градинка Детска радост во Автокоманда.
Според ДЗР, ова може да предизвика отежната наплата на извршените услуги и да претставува тешкотија за непречено остварување на правата и обврските на давателите и на корисниците на услугите.
Град Скопје соопшти дека од 23 до 26 мај во период од 22:00 до 03:00 часот, ќе се врши терестрична дезинсекција на подрачјето на градот против возрасни форми на комарци.
Општина Центар целосно го реконструираше детското игралиште во Градски ѕид Блок 3. Игралиштето доби обновени клацкалки, лизгалки, лулашки, покривни и подни површини како и замена на останатите оштетени реквизити.