Целта на проектот е зајакнување на мултикултурниот дијалог меѓу младите од три земји, поттикнување на креативноста и слободното изразување кај младите, повик на мир и помирување преку уметноста.
На состанокот генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, Саит Саити ги информираше присутните за преземените активности и дека вкупно беа собрани 71 милиони денари од кои речиси девет милиони денари се во материјална хуманитарна помош, а останатите се во финансиски средства.
Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу денеска во Брисел потпиша Договор за соработка со бугарската општина Белица.
Во Домот на култура во Општина Илинден се одржа 21. Регионална ревија на песни, музика и игри на пензионерски здруженија од регионот. Организатор е Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, а домаќин е Здружението на пензионери - Илинден.
На настанот присуствуваа здравствени работници, ученици, студенти.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и секретарот на Црвениот крст, Сузана Тунева Пауновска денеска го потпишаа договорот за бесплатно користење на возилото.
Од 9:00 часот денеска без вода ќе бидат корисниците од улиците „Никола Карев“, „Мирче Ацев“ и дел од „3-та Македонска Бригада“, вклучително и поранешната амбуланта „Пролет“ во Општина Аеродром.
Мурал насловен „Оставете не во мир“ изработен од млади уметници од Франција, Германија и Северна Македонија ќе биде претставен денеска во Градскиот парк во Скопје.
Во тек е обдукција на жирафата од страна на Ветеринарниот институт и веднаш по добивањето на резултатите, од ЗОО Скопје ќе информираат за причините за смртта на ова сакано животно, миленик на вработените и на бројните посетители.
Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ со бројни спортски активности и изложбени работилници го одбележаа патронатот на училиштето и 120. годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, информира Општина Илинден.