ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, во 11:30 часот, без вода ќе бидат корисниците на улиците „Ениџе Вардарска“ и „Неврокопска“ во населбата Црниче во Општина Кисела Вода
Општина Аеродром започна со реконструкција на три улици во населбата Лисиче. Станува збор за инвестиција од 60 милиони денари, со која се предвидува целосна реконструкција на улицата Мите Богоевски во должина од 1245 метри, како и улиците „Црноризец Храбар“ и „Илија Димовски“ со вкупна должина од 1000 метри
Поради дефект Ф-80 милиметри на улица „Бертранд Расел“ бб во Ѓорче Петров, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица и од село Волково, а со намален притисок ќе бидат селата Ново Село и Кисела Јабука
Општина Аеродром изрече парична казна за фирмата која е задолжена за одржување на кулите „Џевахир Скај Сити“, откако пред околу еден месец ги остави станарите без електрична енергија во заедничките делови на кулите А и Б од овој комплекс.
Од Уставниот суд, информираат дека, на денешната седница одлучи да поведе постапка за Одлука на Советот на Општина Карпош од 03.03.2022 година за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05
Тројцата ракометари од општина Илинден кои играат во македонската ракометна репрезентација, Гоце Георгиевски, Жарко Пешевски и Давид Савревски денеска беа на прием кај градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски
Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница донесе одлука за издавање на „Зелена обврзница“ во чии рамки ќе бидат финансирани капитални инвестиции, зелени и енергетски ефикасни објекти кои ќе треба да го подобрат и унапредат живеењето во Аеродром
Од Град Скопје за МИА велат дека резултатите ќе бидат соопштени откако ќе истече рокот, како и по неколку дополнителни денови поради чекање на евентуални пријави по пошта.
Сепак, според него, иако не е исполнет овој услов, барањето итно го препратил до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со молба за мислење по сите седум иницијативи предложени како точки на дневниот ред
Активностите за чистење на јавните површини кои започнаа во 2022 година, продолжуваат и оваа година