Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска го посети Центарот за лица со даунов синдром во Скопје, кој има капацитет за 24 лица, а моментално во него се сместени 17 корисници од три до 26 годишна возраст
Поради уличен дефект на ф80 милиметри на улицата „Палмиро Тољати“ број 193 во населба Ченто, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа и дел од улицата „Методија Андонов Ченто“, реонот на бараките, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 227 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот
Кога е во прашање ЗЕЛС, со жалење морам да констатирам, дека до сега, а и најчесто кога се среќавало тоа тело, било на иницијатива на членовите на Управниот одбор, а не на претседателот
Секторот за санитарна контрола во периодот од 19.12.2022 до 23.12.2022 зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во град Скопје
Без снабдување со електрична енергија денеска ќе останат делови од населбите Капиштец и Тафталиџе, како и неколку села во Општина Илинден
Во понеделник без снабдување со електрична енергија ќе останат делови од Центар, Карпош и Илинден.
Од Министерството додаваат дека во 2022 година се финансирани 14 локални проекти од буџетската Програма за намалување на диспаритетите помеѓу и во планските региони и за зголемување на конкурентноста
Традиционалната Дедомразовска трка денеска напладне ќе се одржи во Скопје во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје
Со симболично сечење на бадникови гранчиња во месноста Говрлевска Краста на јужните падини на Водно, денеска точно напладне официјално ќе започне годинашната прослава на Бадник што по 31-ви пат ја организира Граѓанското здружение „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“