Здружението Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2023.
Јаневски ги демантираше изјавите на заменик градоначалникот Александар Трајановски кој изјави дека сакаат да воведат нов концепт на јавен превоз, нагласувајќи дека во тој нов концепт мора да се вклучени сите засегнати страни
Андоновска истакна дека скопјани немаат соодветен јавен градски превоз, а останатите кои што не го користат се соочуваат со сообраќајниот хаос, посочувајќи дека сето ова е поради неспособноста на Арсовска и директорот на ЈСП да го решат проблемот
Здружението на граѓани – Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје, денеска во салата за состаноци на Советот на Општина Центар ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2023
Приватните превозници попладнево ги повлекоа автобусите со коишто го блокираа булеварот „Илинден“ во делот од фонтаната „Лотос“ во Градски парк до крстосницата кај ГОБ „8 Септември“, барајќи да м биде исплатен долгот во износ од 90 милиони денари од Град Скопје и ЈСП.
Ленин соопшти дека по прес-конференцијата ќе изготват ново барање коешто, како што рече, ќе биде во контекст на она што го кажа премиерот Димитар Ковачевски, каде што ќе ги исполниме сите негови сугестии. Тој очекува да бидат повикани на средба со премиерот.
Преку одредени скопски градоначалници, приватно блиски со Данела Арсовска, се врши притисок врз дел од нашите колеги да се пријават на огласот. Сакам да известам дека сите превозници се едногласни да не учествуваат на тој оглас. Одлуката е донесена вчера, изјави Муриќ
Тој додаде дека ова се само дел од инвестициите кои тековно се започнати во општината, а кои согласно со визијата за поубав и посреден Аеродром со засилен интензитет ќе продолжат и следната година
Приватните автобуски превозници, кои протестираат со блокада на булеварот „Илинден“ во Скопје, откако не добија одговор на барањето за средба со скопската градоначалничка Данела Арсовска, вчера побараа да бидат примени од премиерот Димитар Ковачевски
Комисијата која е составена од докажани професионалци во оваа област треба најдоцна во рок од десет дена од завршувањето на јавниот повик да ги избере најдобрите решенија на конкурсот, кои потоа ќе бидат јавно презентирани пред јавноста.