Жаклина Шопова, советник во Советот на Град Скопје на денешната седница потенцираше дека со амандманот кој што го предлага советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обезбедуваат средства за реконструкција на улицата Христо Татарчев каде што ќе се опфати коловоз, пешачки патеки и фекална канализација, бидејќи и во самата програма за Модерно Скопје е предвидена реконструкција на истата
Владимир Нелоски, советник во советот на Град Скопје на денешната седница на советот ги повика советниците од сите политички партии да го прифатат предлогот амандманот за финансиска помош од 15 милиони денари поднесен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи фудбалскиот клуб се наоѓа во тешка финансиска состојба и овие средства ќе помогнат на клубот
Марија Андоновска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје на денешната седница предложи амандман за субвенционирање на енергетската сиромаштија и со тоа ќе се помогне на социјално ранливите категории на граѓани
Во рамки на активностите на проектот „Learn4SMEs – Learning Factory for Improving Digital Competitiveness and Industry 4.0 Readiness of SMEs in the Balkans“ овозможен од Европскиот институт за иновации и технологија (EIT Manufacturing) и кофинансиран од Европската Комисија на Машинскиот Факултет во Скопје се одржа работилница на тема „Подготвеност на малите и средните претпријатија (МСП) за индустрија 4.0 и паметна специјализација“
На барање на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ) при Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ), Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје утре ќе одржи итна седница во врска со отказот на претседателот на Синдикалната организација на СУТКОЗ
Сите ние сакаме да го направиме Скопје средиште, центар не само на Македонија, туку на светот
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 239 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот
Поради менување вентил во шахта, без вода утрово од 09:00 часот без вода ќе бидат корисниците на ул. „Аминта Трети“ и дел од бул. „Илинден“ (потегот од Фонтана Парк до Влада)
Во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај по сообраќајниците во поширокото централно подрачје
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот.