Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 19.09.2022 до 23.09.2022 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во град Скопје
Изминатите денови во јавноста повторно се отвора темата за затворање на училиштата и воведување на онлајн настава поради енергетската криза во која се наоѓаме
Поради дефект на затворач ф-100 милиметри на улица 30 бб во Волково (во близина на последна автобуска на 22-ка), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Волково
Наставата неопходно е да се одвива со физичко присуство, и покрај пречките од централната власт општината Аеродром ќе го обезбеди тоа
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 207 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска ќе ја посети градинката „Пеперутка 3“ во населбата Драчево, во општината Кисела Вода
Македонска платформа против сиромаштијата денеска ќе го презентира извештајот насловен „Справување со загадувањето на воздухот преку минимизирање на енергетската сиромаштија и промовирање на проеколошко однесување“
Во организација на СОС Детско село денеска се одржа првата Хуманитарна ИТ трка на којашто учествуваа вработени од ИТ компании.
Стефковски додаде дека Општина Гази Баба беше вклучена во сите процедури на проектот кој што е од значење на жителите, но кога дојде до отпочнување на реализација тој не беше поканет од страна на градоначалничката на Град Скопје.