Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, ги продолжуваат градежните работи за реконструкција на пешачките патеки во стариот дел од Градскиот парк, во делот меѓу малите езерца, наспроти локалот „Централ парк“
Денеска на прес конференцијата на мостот на Маркова река кон населбата Драчево, Директорот на ЈП Улици и патишта Скопје, Борис Настов го најави техничкото решение за санирање на оштетувањето кое во изминатите денови се појави на мостот на Маркова река во населбата Драчево
Во пресрет на долгоочекуваното лето и на самиот почеток од летниот распуст, Општина Аеродром и „Capitol Mall“ организираат хуманитарен настан, на кој најмладите ќе можат низ забава да го одбележат успешниот крај на учебната година
Без вода денеска ќе бидат две улици во Батинци, информираат од јавното претпријатие „Водовод и Канализација“
Екипите на ЈП Паркови и зеленило деновиве интензивно работат на одржување и уредување на јавните зелени површини низ градот, односно севрши косење на зеленилото низ сите скопски општини и на кејот на реката Вардар
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Навистина е жално што Бектеши чека од Град Скопје да му ги реши проблемите, реагира градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во врска со проблемот со топлификацијата во градот.
На колекторскиот систем во населеното место Миладиновци деновиве се поставени два препумпни уреди, а досега се изградени 1200 метри канализациона линија.
Паркот на природата „Гази Баба“ деновиве е збогатен со нови парковски елементи изработени од дрво. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ на неколку локации низ зеленилото поставија нов мал видиковец, набљудувачница, парк за миленици и две дрвени куќички за деца
Продолжуваат активностите на Општина Кисела Вода за расчистување на дивите депонии и создавање на здрава средина за сите жители од овој дел на градот