Пред почетокот на новата учебна година деновиве на повеќе локации, особено пред училиштата во општина Илинден се врши поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, со цел подобрување на безбедноста на учениците и учесниците во сообраќајот
Во Музејот на современа уметност завршија јавните презентации на двата предлог детални урбанистички плана за населбата Кале при што се предвидува помала катност на објектите и зачувано зеленило на површина од 30.000 м2
Во основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Центар денеска беше отворена сензорна соба, единаесетта по ред, како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија
Во пет населени места во општината Ѓорче Петров интензивно се работи на изградбата на уличната мрежа и се вршат активности за изградбата на повеќе од 20тина улици
Општина Кисела Вода соопшти дека со донација од РК „Алкалоид” целосно е опремен кабинетот по информатика во ООУ „Круме Кепески”
Да се изработи акциски план со конкретни мерки, временска рамка, буџетски ставки и се што е потребно во долгорочен период да се реши проблемот со дивите кучиња кои се потенцијален проблем за биодиверзитетот во нашите еко системи е заклучокот од денешната трибина на тема „Напуштени кучиња во дивина и нивното влијание кон дивиот свет“ во организација на Македонското еколошко друштво
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ Скопје по налог на Град Скопје од денеска продолжуваат со реконструкција на пешачките и велосипедските патеки по должина на булеварот Гоце Делчев во насока од стоковна куќа „Мост" кон мост „Гоце Делчев"
По налог на Град Скопје, екипите на ЈП „Улици и патишта“, во текот на изминатите месеци интензивно работеа на изградба на пристапни рампи за лицата со потешкотии во движењето кон пешачкиот мост во Сарај
Секторот за санитарна контрола во периодот од 22.08.2022 до 26.08.2022 зема 203 примероци за физичко-хемиска и 203 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 195 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот