Во ООУ „Аврам Писевски“ во Карпош денеска ќе биде отвотена сензорна соба, дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“
Поради снимање видео спот денеска, од 7:00 до 13:00 часот, Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улицата „50 дивизија“ во Скопје
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, денеска ги посетија дневните центри за лица со попреченост во населбата Волково.
Во редовниот линиски превоз од утре до понеделник, 9 мај 2022, ќе бидат вклучени две привремени линии, 100 и 200, кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. Првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион.
По прекинот од две години на сите културни и музички манифестации поради ковид пандемијата, оваа година по дванесетти пат од 4-ти до 8-ми мај ќе се одржи „Виноскоп 2022”
Општина Центар утре го објавува Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет
Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците на Месна Река, бензиска пумпа Окта Катланово, с. Градманци, Кочкова Населба, село Катланово, Катлановска бања, пошироката околина на с.Катланово и с. Градманци во Општина Петровец
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари работен состанок со претседателот и претставници на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје Мобилност на кој разговараа за проектот „Мобилна личност успешна индивидуа”
За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот
Фестивалот „Вино Скоп“, што традиционално се одржува од 2006 година, по паузата поради ковид пандемијата, утре ќе започне одново на Градскиот плоштад во Скопје.