Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве работат на хортикултурно уредување на јавна површина во општината Аеродром на потегот од булеварот Февруарски поход до булеварот АСНОМ
Градот Скопје спроведува проект “Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe”, кој е финансиран од Министерство за економска соработка и развој од Сојузна Република Германија
Поради реконструкција на водоводна цевка Ф80 милиметри на улица „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, во близина на зградата на Владата, со прекинато водоснабдување денеска ќе бидат корисниците од оваа и од улиците „Ристо Шишков“, „Аминта Трети“, „8-ми Март“ и „Наум Наумовски Борче“, како и дел од булеварот „Илинден“
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување со работните активности
Во големата пролетна работна акција во Бутел на терен координирано работат екипи на јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Водовод и канализација“, „Лајка“, „Улици и патишта“ и „Дрисла“.
Амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, пред присутните ја нагласи важноста од постоењето на ЗЕЛС и функционалните општини и истакна дека САД секогаш ќе го поддржуваат развојот на единиците на локалната самоуправа во нашата земја.
Екипите на ЈКП „Илинден” покрај активностите за поставување на нови линии за улично осветлување се врши и докомплетирање на постојните линии и се вршат интервенции за отстранување на оштетените сијалични места при што се вградуваат нови.
Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Бутел од денеска ја реализираат големата пролетна работна акција на територија на општина Бутел
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 27 и 28.04.2022 година (среда и четврток), поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Н.Е. Мустафа Шентон, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот
Таа нагласи дека е загрозена ликвидноста на локалната самоуправа, во прашање се доведуваат проектите кои треба да ги подобрат услугите на општините кон граѓаните, а се зголемуваат долговите предизвикани од зголемените цени на енергенсите