Општина Аеродром соопшти дека мобилни екипи се излезени на терен и вршат расчистување на јавните површини откако попладнево почна големо невреме.
Од ЦУК информираат дека во моментов се известуваат и координираат надлежните служби од општините и Град Скопје, за постапување по пријавите за штети и опасности.
Жената на околу педесетина години врз која попладнево падна дрво кај „Европски универзитет“, не е во животозагрозувачка состојба, потврди за МИА, доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје.
Жена е повредена откако од силниот ветер попладнево падна дрво на булеварот „Климент Охридски“ во Скопје.
Во близина на „Веро Џамбо“, попладнево падна дрво како резултат на силниот ветер. УХМР сабајлево апелираше за внимание од појава на пороен дожд, грмежи и силен ветер над 70 километри на час.
Општина Ѓорче Петров првпат ангажира механизација за одржување на јавните површини кои се во надлежност на општината. Како што соопштија од општината, склучен е договор за изнајмување на две метларки, една цистерна за миење улици и камион со преса за собирање зелен отпад.
Во текот на изминатите неколку дена, ЈП „Комунална хигиена“ -Скопје реализираше вонредни активности за подигнување и транспорт на отпад од диви депонии на повеќе локации во Скопје.
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека детската градинка ќе се простира на површина од 1800 метри квадратни, а инвестицијата е над 100 милиони денари.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со градоначалникот на oпштина Бутел Дарко Костовски, на која биле разгледани повеќе други аспекти на можна соработка на Министерството за внатрешни работи со локалната самоуправа.
ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек.