Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес 02.03.2022 година во просториите на општина Гази Баба оствари средба со претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Град Скопје објави јавен повик во дневните весници Слободен печат и Коха, како и на официјалниот портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, за избор на членови за формирање Иницијативен одбор, кои ќе бидат дел од иницијативата за создавање Локален младински совет на Град Скопје.
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес 01.03.2022 година во просториите на општина Гази Баба потпиша меморандум за соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА.
Поради поврзување на нова водоводна мрежа од Ф-300 милиметри на улица „Алберт Станиќ“ број 35 во населба Чаир, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „Војдан Чернодрински“ и „Исмаил Кадаре“, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
Градот Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ годинава започнуваат со реализација на проектот за изградба на Пречистителна станица за третман на отпадни води во Скопје, како најголем еколошки проект во градот во вредност од 136 милиони евра
Дали ме малтретираат онлајн? Како можам да ја препознам разликата помеѓу шега и силеџиство на социјалните мрежи? Кои се ефектите од сајбер-силеџиство? Со кого треба да разговарам доколку некој ме малтретира онлајн и зошто е важно да пријавам?
Почнувајќи од денеска, 1 март, се укинуваат давачките што досега ги издвојуваа родителите за своите деца во градинките во Општина Аеродром, а во текот на годината целосно ќе бидат скратени сите дополнителни трошоци
Градоначалничката Арсовска истакна дека изградбата на оваа пречистителна станица е најголем еколошко-капитален проект за Скопје и скопјани, додавајќи дека на овој начин конечно ќе се овозможи третман на урбаните отпадни води согласно ЕУ стандардите.
Од денеска, 01.03.2022 година, поевтинува зонското паркирање во Скопје. Со новиот ценовник со намалени цени на услугите на јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе бидат опфатени отворените јавни паркиралишта во градот.
Поради замена на затворач ф-125 милиметри на улица „Коце Металец“ број 13, утре од 8 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците во скопската населба Железара