Без струја утре од 8:30 до 15 часот ќе останат корисниците од улицата Костурски Херои бр.2 во општина Карпош
Екипите на ЈП Улици и патишта викендов работеа на изградба на вело и пешачка патека на Бул.Србија, во насока од бул. Февруарски Поход кон бул.АСНОМ, како и продолжување на пешачка патека на бул. Видое Смилевски Бато од страна на бул. Февруарски поход, кон бул.Србија
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски целосно ги демантира наводите истакнати во денешната прес конференција на политичката партија СДСМ како невистинити и со цел замајување на јавноста и граѓаните
По повод 18 години од смртта на Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, делегација на Градот Скопје положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште.
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со инспекциските служби на општина Гази Баба од утрово беа на терен во еколошка патрола низ општина Гази Баба.
Екипи од Одделението за даночна инспекција, како и за инспекција за наплата на комунални и други такси при Инспекторатот на Град Скопје, продолжуваат со редовни контроли и надзор врз наплатата на таксата за правните и физичките лица.
За возење во жичницата важат протоколи за заштита од Ковид 19 - во кабина се дозволува превоз на максимум 4 лица, кои имаат обврска да носат маска. Кабините се дезинфицираат трипати во текот на денот.
Град Скопје отпочна со реконструкција и санација на пешачките патеки во Градскиот парк, со вкупна површина од 18.000 квадратни метри. Во рамките на овие активности дел од патеките целосно се реконструираат, се санираат оштетените патеки, а во некои делови се прават и нови патеки.
Улицата „Методија Шаторов-Шарло“ во Стар Аеродром добива нова хоризонтална сигнализација, како и направи за забавување на возилата со што значително се зголемува безбедноста во сообраќајот
Со првенствена цел, заштита на животната средина, но и имплементација на иновативни технологии, како и можност за заштеда на финансиски средства, ЈП Водовод и канализација - Скопје, ја отвора можноста за производство на еко енергија преку фотоволтаици