Општинскиот весник „АЕРОДРОМ“ од денеска за првпат почна да излегува единствено во електронска форма. Ова е уште еден чекор кон дигитализација на општинските услуги во рамките на проектот „Смарт Аеродром“.
Поради уличен дефект на приклучна водоводна цевка на улица Лисец 65, без вода попладнево се корисниците од н.Горно Лисиче
Универзална сала веќе седум години е вон функција. Како објект што го претставува срцето на Скопје, треба да се надминат многу разлики и да се продолжи со проектот кој е веќе е постоен и одобрен за да може реконструкцијата на Универзалана сала да се одвива во најбрз можен рок, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска
Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 70 возило од јавните површини
Градоначалничката Арсовска во текот на изминатата недела ја посети Универзалната сала, којa се уште е во фаза на реконструкција, но поради спорниот проект кој не гарантира безбедност, истата се одвива со намален интензитет
Општина Центар соопшти дека по повеќе од десет години нејзините служби го исчистиле каналот кој се наоѓа во непосредна близина на полициската станица на Водно, односно тн. Шеста управа
Град Скопје објави јавен повик во дневните весници Нова Македонија и Коха, како и на официјалниот портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, за користење на локации за поставување на урбана опрема и други подвижни направи во Градски парк во Скопје
Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од улиците „Бањалучка“, „Софиска“, „Бриселска“ и „Стокхломска“ во Општина Карпош
Финансиските средства за проектирање, изградба, набавка на опрема и реквизити и нивно монтирање се обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, додека следната фаза ќе биде реализирана со буџетот од 2023 и 2024 година.