Град Скопје додели шест милиони денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Ова е првична помош што Град Скопје ја доделува, а во најскоро време ќе биде доделена дополнителна помош.
Поради големата трагедија што го погоди Кочани, концертите на Сергеј Четковиќ во Скопје закажани за 21 и 23 март се одложуваат.
Универзитетското студентско собрание на УКИМ на својата Фејсбук страница попладнево упати јавно извинување до сите членови на академската заедница во однос на чинот на говори на денешниот настан во Универзитетскиот кампус.
Со седумминутен молк почна собирот насловен „Заеднички час“ на преполниот кампус на Скопскиот универзитет каде што студенти и професори им оддадоа почит на жртвите во пожарот во Кочани.
Претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ Александар Николовски изјави дека Ректоратот на Скопскиот универзитет го прифатил нивното барање да им биде дозволено да отсуствуваат од настава и за тоа да немаат последици.
Директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ објави снимка од пред салата, каде што според него, се одржува настан за дрифтање со 300 возила. Кај него, пријавиле дека ќе снимаат спот. Од дрифтањето има десетина судири и штети.
Поради трагичната несреќа во Кочани се одложуваат трите најавени концерти на балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ.
Од Институтот испраќаат совет до новинарите да ги следат сопствените реакции, емоции и потреби, и за време на работата и надвор од неа.
Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје апелира до сите медиуми да се воздржуваат од сензационалистички начин на информирање за пожарот во дискотеката во Кочани каде загинаа 59 лица, а 155 се повредени.
Директорот на Психијатриска болница -Скопје, Иса Авдулаи, изрази сочувство на семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани, посочувајќи дека Клиниката за психијатија во Скопје е отворена да пружи каква било помош за надминување на овој тежок период.