Преку електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk, Град Скопје ги решава секојдневните барања и проблеми на граѓаните
Шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје утре ќе работат од 7.30 до 15.30 часот, а наплатниот пункт во Сарај нема да работи, информираат од претпријатието
Комплетно е осветлена трим патеката во Кисела Вода. Општина Кисела Вода постави нови дополнителни столбови на потегот од општина Центар, кон делот кој води кон новиот парк на “Есенинова”
Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во наредните три дена: Бадник – 6 јануари, Божик – 7 јануари и сабота, 8 јануари, ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии. Дежурни ќе бидат три билетарници, а жичарницата ќе работи вообичаено
Низ Градот Скопје има 1,2 отсто пристап за лицата со попреченост. Време е за „Агенда2030“ сега и веднаш, велат од коалицијата „Менуваме“
За време на божиќните празници, на 6 и 7 јануари 2022 година, сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните
Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, во придружба на градежна механизација, денеска на улица „Самоилова“ на Кале отстрани нелегално изграден објект на непознат инвеститор.
На Светскиот ден на Брајовата азбука, градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска донираше 46 книги на Брајово писмо за учениците во училиштето за слепи и слабовидни ДУРМДОВ „Димитар Влахов” кое се наоѓа во оваа општина
Не размислуваме за покачување на цената на билетите за јавен превоз, а засега не планираме ни редукција на возниот ред
Прекин во водоснабдувањето денеска од 10 часот ќе имаат дел од жителите на Сопиште