Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 22.05.2021 година ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци, а на 24.05.2021 година терестричната дезинсекција
Во текот на изминатата недела (13.05.2021 – 19.05.2021 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 160 возила од јавните површини
Електрична енергија утре (21 мајј) од 8.30 до 12:30 часот ќе немаат корисниците од ул. „Хоџа Атула Куртиши Ата“ од бр.12 до бр. 35 и од ул.„Војдан Чернодрински“ (зад Полициската станица Бит пазар) во општина Чаир, соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД
Во дворот на Станицата на противпожарната бригада во населбата Автокоманда денеска ќе биде одбележан Денот на пожарникарството
Општина Центар традиционално секоја година организира настан за доделување награди и пофалници за најдобрите наставнички и наставници од општинските основни училишта, согласно својата Програма за образование
На јавниот повик на Град Скопје за субвенции за инвертери поднесени се 1656 пријави со што се исцрпени средствата предвидени за оваа мерка, соопштија од градот
Денеска официјално беа пуштени во употреба последните 500 метри од новопроектираниот и новоизведениот булевар „Босна и Херцеговина“, кој што сега се спојува со булеварот „Словенија“
Тркалезна маса насловена „Разговори со Конески“ се одржа денеска во дворот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески
По минатогодишното одложување заради заострените здравствени мерки, конечно се создадени услови и е закажан термин за одржување на популарната тим-билдинг трка за компании, „Business Run 2020“
Градот Скопје во соработка со УНДП го уреди вториот зелен покрив во строгиот центар на градот - покривот на Домот на културата „Кочо Рацин“, попознат како Домот на градежници