Славески посочи дека многу добро знае како се движи соработката на Република Македонија со Европската банка за обнова и развој.
Од новозаболените, во однос на возрасната дистрибуција, 1.454 лица се на возраст од 15 до 64 години. Деца се 516 на возраст од пет до 14 години. Над 65 години се 198 лица, а 179 се деца на возраст до четири години.
Костовски додаде дека е чудно како во Бутел минатото раководство со централна и локална власт, немале ништо направено.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек и ќе заврши заклучно со 2 април годинава.
По повеќе децении лажни ветувања на надлежните, општина Бутел го исполни најголемото барање на граѓаните. Улицата е во должина од 500 метри и површина од 2500 метри квадратни.
В.д. градоначалникот, Дејан Митески го потпишал одобрението со кое најстарото училиште во Аеродром прв пат од своето постоење ќе добие проширување на капацитетите за над 100 ученици.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изврши увид во градежните работи во изградбата на новиот здравствен дом, каде во завршна фаза се повеќе градежни активности.
Од Јавното сообраќајно претпријатие во изјава за МИА велат дека моменталната состојба со јавниот превоз е подобрена и дека сите возачи максимално се трудат да го запазат предвидениот возен ред и да стигнат во претходно определениот термин.
Општина Аеродром изрече и наплати парична казна во висина од 6 илјади евра на правно лице за надминување на максимално дозволеното ниво на бучава, информираат од Општината.
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 44 мерни места во градот.