Значително помалку пожари имало изминатава година на територија на Скопје. Податоците со кои располага Територијалната противпожарна единица на Град Скопје покажуваат дека имало околу 800 пожари помалку во однос на 2019 година кога било интервенирано на 1.957 пожари
Саниран е дефектот во дистрибутивната топлинска мрежа во населбата „Водно" и повторно е воспоставена нормална испорака на топлинска енергија, информираа вечерва од „Балкан Енерџи".
Поради уличен дефект на булеварот „Партизански одреди” вечерва без вода се трговскиот центар Алуминка, зградата кај што се наоѓа „Горење” и зградата кај „Базаро”.
Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците од населбите Хиподром, Трубарево и дел од населбата Маџари
Дел од жителите во населбата Водно денеска ќе имаат прекин на топлинска енергија поради дефект на дистрибутивната топловодна мрежа на улицата „Загребска”, информира БЕГ
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот
Скопската зоолошка градина доби четири нови јагненца и лама со уникатни шари
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 23 нови пациенти поради компликации од корона вирусот
Жена на 67 годишна возраст предпладнево е спасена од давење од водите на Вардар и пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, при што не биле констатирани повреди
Првото родено бебе во 2021 година во Скопје е машко, тешко е 3 650 грама и е долго 51 сантиметар. Новороденчето е родено во 00:01 часот, мајка на бебето е скопјанката Бојана Смилеска, а ова е нејзино второ дете