Поради промена на затварач (Шибер) од ф 100мм на ул.„Благоја Паревиќ“ бр.50 во Бутел, прекинато водоснабдување од 10:00 часот ќе имат корисниците од ул.„Благоја Паревиќ“ и ул.„Никола Малешевски“
Градинката „Расадник“ во Општина Кисела Вода, во која е извршена целосна обнова, денеска стартуваше со работа.
Во среда граѓански буџетски форум „Моја заедница. Моја визија“, целта е наметнување нов начин на носењето на градските политики
Градот Скопје ги известува граѓаните дека петтата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 16.09.2020 година (среда), во раните утрински часови.
„Цело Скопје – кино“ или „Секое платно – кино“ е слоганот на годинашново 19. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ (CINEDAYS), кој ќе се одржи од 18 до 24 септември.
Паркингот на Водно во текот на овој викенд го искористиле 374 возила, според бројот на испратени СМС пораки, соопшти Град Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018
Гори депонијата во близина на салата „Борис Трајковски“ во општина Карпош. На терен се испратени екипи од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, но се чека механизација од општината и од Град Скопје за да се расчисти отпадот. Се работи за градежен шут и отпад
Градот Скопје во соработка со здружението ЕРГОС Скопје започна еко дрон патрола, односно прелети со дрон низ територијата на Скопје во потрага по потенцијални загадувачи, огнови на отворено и можни создавања на диви депониии
Дваесетина падобранци вчера учествуваа на Падобрански куп „Скопје 2020“ во прецизно слетување што се одржа во организација на Аероклубот Скопје