Повикот е отворен за млади од 15-29 години без оглед на претходно искуство и без оглед на опремата кој ја поседуваат и е со финансиска поддршка од Град Скопје, преку програмата за поддршка на граѓански организации и млади.
Рече дека се очекува формирањето на новиот владин состав и новиот министер за образование да ја преземе функцијата, а сè што постои во предлог-протоколите и е обврска на Град Скопје, рече, Градот е подготвен да го преземе.
„Foltin“, „Last Expediton“ и „Pluto’s Doubts“ и „Surprise act“ ќе настапат на петтото јубилејно издание на фестивалот „Скопје колинг“ („SKOPJE CALLING Festival“), што ќе се одржи на 12-ти септември на стадионот на АРМ.
Традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ ќе биде одржана денеска во организација Град Скопје со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во земјава.
Герила акција во Скопје за обележување на дупките на патот до средно водно се појави денес на социјалните мрежи.
Поточно, вонредната авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 26.08.2020 година (среда) и на 27.08.2020 година (четврток), во раните утрински часови.
Општина Карпош преку претставниците од своите урбани заедници и Секторот за дејности од јавен интерес, од утре започнува со теренска кампања за информирање на граѓаните кои се рекреираат по маалските паркови, платоа, плоштади и детски игралишта, како правилно да ги почитуваат и применуваат мерките за заштита од Ковид – 19.
Петнаесет лица со завршено високо образование од профилот дипломиран дефектолог, педагог, психолог, професор (одделенски, предметен) ќе бидат привремено вработени од Општина Кисела Вода преку Програмата „Општинско корисна работа“, проект „Учиме, се воспитуваме, другаруваме“.
Мрежата на невладини организации „Сите сите“ бара од Градот Скопје поддршка со цел да го зголеми својот капацитет на работа во услови на зголемен број барања за помош од социјално загрозени граѓани погодени од кризата предизвикана од Ковид-19.
И овој викенд продолжија активностите на екипите на Градскиот инспекторат со поддршка на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“, каде беа спроведени акции за контрола на јавните површини, а во врска со непрописното фрлање отпад.