Градоначалникот Златко Марин пет месеци ги игнорира родителите кои буквално молат да бидат ослободени од плаќање градинка за децата, за периодот на ковид-кризата кога овие воспитни институции се под клуч.
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Бутел, Кисела Вода и Студеничани, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Во текот на изминатата недела (30.07 – 05.08.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 136 возила од јавните површини.
Екипите на јавните градски претпријатија од вчера и во текот на денешниот ден се на терен и интервенираат по невремето кое го зафати Скопје.
Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека по обилните врнежи од дожд и засилениот ветер нивни екипи во текот на вчерашниот ден почнале со активности за расчистување и непречено функционирање на атмосферската канализациска мрежа.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Силно невреме го зафати Скопје попладнево. Град со големина на орев паѓа во неколку населби и делови од градот. Во други, невремето е со послаб интензитет.
Паркингот на Водно во текот на продолжениот викендов го искористиле 316 возила според бројот на испратени СМС пораки.
Од „ЕВН Македонија“ АД информираа дека на 5 август 2020 година се планирани технички зафати во електро-системот на Град Скопје и од таа причина дел од корисниците во општините Аеродром, Сопиште, Ѓорче Петров и Чучер-Сандево ќе имаат прекин на електричната енергија.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.07.2020 до 31.07.2020 зема 182 примероци за физичко-хемиска и 182 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 38 мерни места воград Скопје.