Во рамките на проектот Воспоставување гасификациски систем, воведување гасификација на стопанските објекти, во општина Илинден во тек е реализацијата на втората фаза од овој проект во должина од 3.500 метри, од локалната економска зона Марино-Кадино до локалната економска зона Ограѓа
Во Скопје денеска беше потпишан договорот за најголемиот синдициски заем во земјава во висина од 72 милиони евра со што се заокружува финансирањето за изградба на трговскиот центар „East Gate“ кој е дел од мултифункционалниот проект „Skopje East Gate“
По повод утрешниот празник Курбан Бајрам јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје поставува специјални садови за одлагање на органскиот отпад од колењето на курбанот, со цел спречување на неконтролираното одлагање на овој вид отпад на јавни површини што може да доведе до низа штетни последици врз животната околина и јавното здравје
Во текот на изминатата недела (23.07 – 29.07.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 152 возила од јавните површини
Поради планирани технички зафти во електро-системот во градот Скопје, утре без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од општините Петровец, Сопиште и Ѓорче Петров
Поради дефект на ул.Хо Ши Мин 179а во населба Бутел 1, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица
Во рамки на денешната онлајн седница на Советот на општина Карпош беше прифатена одлуката за меѓуопштинска соработка со градот Скопје, за реконструкција на улици во населбата Нерези.
Поради водоводна приклучок на водоводна мрежа од ф 100 мм на ул. Христо Чернопеев бр.8 во населба Центар, утре прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од оваа улица
Негов личен фаворит е како што рече, стариот објект да биде реставриран, а потоа следните чекори би биле распишување конкурс за реставрација на Универзална сала, како и конкурс за одредување локација за уште еден, нов објект од таков вид.
Започнаа изведбените, теренски активности за реализација на зелениот корнер во ТЦ „Лептокарија“, во населбата Карпош 3.