Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од улиците „31“, „41“ и „103“ во населбата Волково
Дел од корисниците на улиците „Дебарца“ и „Ѓуро Ѓаковиќ“ денеска ќе останат без вода
Град Скопје започнува пилот проект за тестирање нов вид контејнери за отпад од домаќинствата, односно полуподземни контејнери. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани, денеска одржаа прес-конференција на улицата „Никола Русински“ во Карпош 3 каде што се поставени полуподземни контејнери
Вчера (09.06) во општина Чаир претставници на МВР присуствуваа на седница на Локалниот совет за превенција на тема „Потреба за почитување на мерките на Министерство за здравство и комисијата за заразни болести на граѓани на подрачје на општина Чаир“, а со цел подигање на свеста на граѓаните
Прекин во водоснабдувањето денеска од 9:30 часот ќе имаат корисниците од високата зона Пржино и корисниците лоцирани на улицата „Мариовска“ во Општина Кисела Вода
Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека утре, е планиран технички зафат во електро-системот во општина Студеничани во градот Скопје
Учебната 2019/2020 година завршува во вонредни услови. Учениците од десетте општински основни училишта, речици цело второ полугодие спроведуваа настава по електронски пат, како резултат на прекинот на воспитно – образовниот процес поради Ковид – 19.
Претходно, во текот на работниот ден, се пополни предвидената квота и за електрични тротинети, со вкупно поднесени 214 барања за субвенции за купен тротинет.
Во рамките на големиот проект за ревитализација и редизајн на зелени јавни површини во градот, наредниов период во Скопје ќе започне изведбата на 4 нови модерни зелени површини – скверови
Од објавувањето на јавните повици за доделување субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети, во Град Скопје до денеска се поднесени 2.774 барања од граѓаните за субвенции за купен велосипед и 214 барања за субвенции за купен тротинет