Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 41 е отстрането од зонските паркиралишта, а преостанатите 225 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани, Карпош, Чаир, Кисела Вода, Чучер Сандево и Зелениково
Возач на патничко моторно возило бил тешко повреден во една од вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле вчера. Во седум сообраќајки со полесни повреди се здобиле осум лица, а во четири била причинета материјална штета
Еднодневна обука за сајбер безбедност за ученици, наставен кадар и родители, денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за образование и наука, мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондацијата Метаморфозис
Танцовите студија „Eat the beat“ и „Break a leg“ во Скопје го организираа меѓународниот натпревар „Dance OFF“, што со над 2.700 учесници се одржа во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“
Градот Скопје се приклучи на кампањата на Агенцијата за млади и спорт и Министерството за внатрешни работи за спречување на насилството од каков било вид, со посебен осврт на меѓуврсничкото насилство и говорот на омраза
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот на општината Карпош, Стефан Богоев, денеска во Центарот за селекција на отпадот во Карпош ги промовираа планираните активности што ќе се одвиваат во рамките на кампањата за правилно постапување со кабастиот отпад на територијата на оваа скопска општина
Изнајдено е решение за продолжување на изградбата на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче
По повод Светскиот ден на детето и одбележувањето на 30 години од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето, денеска во Домот на Армијата во Скопје ќе се одржи настан под мотото „Сите Сме = Во Правата“, на кој учествуваат деца од градинки, основни и средни училишта од повеќе градови од Републиката
Карпош е Општината со најголем број на возрасни сограѓани, а во рамки на Неделата на грижа на стари лица, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, одделот „Мајка Тереза“, во Злокуќан