Со спортско – адреналинскиот парк и целосното разубавување на делот од алпинистичката карпа до бунарите на реката Лепенец, создаваме нови бели дробови за Карпош и за Градот Скопје, посочи градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев на Меѓународната конференција за млади: „DIVE 3: Zero to one > 1 to N“ во организација на Младински сојуз – Крушево (Youth Alliance)
На следната седница на Советот на Град Скопје, советниците ќе ја разгледуваат Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието
Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Тодор Чангов 41“, чија реконструкција е во завршна фаза
Во организација на граѓанската иницијатива „Денови на колективно садење дрвја во Македонија“, денеска на јавната површина до скопската гимназија Зеф Љуш Марку ќе се спроведе акција на засадување дрвја
Посебен сообраќаен режим денеска и утре во периодот од 7:00 до 17:00 часот ќе биде воведен на дел од булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје поради меѓународниот кружен натпревар во автомобилизам ФИА – ЦЕЗ награда на град Скопје „Скопје-2019“, во организација на Автомобилистичката федерација
Од 28 октомври (понеделник), ќе започне обуката за Microsoft сертификација на наставниците од сите 10 основни училишта од Општина Карпош
Денеска, во Карпош, „зазелени“ и инклузивното игралиште во населбата Влае 2. Раззеленет е просторот од почетокот на инклузивното игралиште во Влае 2, до платото „Делфина“
Во Основното училиште „Конгреси и Манастирит“ во Општина Чаир денеска беше поставен камен темелник
Одржливиот урбан развој е темата на четвртиот „17+1“ Форум на градоначалници на главни градови од Централна и Источна Европа и Кина, што денеска се одржува во Тирана, Албанија, а во кој учествува градоначалникот Петре Шилегов
Утре, сабота (26.10.2019 година) и недела (27.10.2019 година), во периодот од 7 до 17 часот поради одржување на кружна авто трка пред МРТ, автобуските постојки во тој реон ќе бидат вон употреба