Во текот на изминатата недела (28.02 - 05.03.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 194 возила од јавните површини
Нов Центар за ран детски развој, каде ќе се вршат проценки на потребите на децата за рехабилитација и на нивните семејства за поддршка, но и индивидуална и групна работа со децата, се отвори на 2 март годинава во Скопје
По повод Европскиот ден на логопедијата, градоначалникот Шилегов денеска го посети новиот Центар за ран детски развој, кој со помош на Град Скопје го отвори Сојузот на специјални eдукатори и рехабилитатори, во соработка со УНИЦЕФ
Општина Карпош започна со санација на повеќе детски игралишта. Имено, целосно се санираше детското игралиште во Влае 2, кај спортските терени, а етапно ќе се санираат детските игралишта и во другите населби
Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска изврши увид во градежните работи при изградбата на новиот парк во населбата Мичурин. Овој урбан парк што се гради на постојното игралиште спроти ОУ „Блаже Конески“ ќе зафаќа површина од 3 573 квадратни метри, а ќе понуди зелени површини, детско игралиште, пешачки патеки со клупи, комбинирано спортско игралиште за рекреација, како и место за друштвени игри за најмладите, а ќе има и артерски бунар за наводнување
Денеска пристигнаа првите 9 од планираните 27 повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња набавени од ЈП Паркинзи на Општина Центар кои локациски ќе бидат поставени низ целата територија на општина Центар
Околу 40 натпреварувачи од седум скопски општини денеска ќе учествуваат на 14-та Тортијада „Слатка мистерија 2020", што ќе се одржи во ресторанот „Аликас" во Визбегово, Општина Бутел
Водоснабдувањето во улиците „Коле Неделковки“ и „Дебарца“ во Општина Центар, утре од 08:00 ќе биде во прекин.
Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.
Општина Аеродром деновиве почна да ги заменува старите клупи за седење со нови, кои имаат современ дизајн. Се врши замена и на старите канти за отпадоци кои се попрактични.