Јавното претпријатие „Улици и патишта“ во соработка со Општина Кисела Вода, на главните сообраќајници пред општинските основни училишта „Св. Климент Охридски“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и пред градинката „Сончоглед“ постави платоа за успорување на сообраќајот.
Почна реконструкцијата на катната гаража во населбата Ново Лисиче, која опфаќа бојадисување на челичната конструкција како и промена на оштетените хоризонтални и вертикални олуци.
Општина Аеродром деновиве почна со реконструирање на катната гаража во населбата Ново Лисиче. Реконструкцијата опфаќа бојадисување на челичната конструкција како и промена на оштетените хоризонтални и вертикални олуци
Без струја утре од 8:30 до 15 часот ќе останат корисниците од дел од улицата „Тодор Чангов“ и дел од улицата Богомилски поход во Општина Аеродром, од 9 до 11 часот корисниците од улицата Анкарска згради бр. 21, 23, 33 и објектот на Маркет Рептил во Општина Карпош
Досега, како што соопшти Општината, се исчистени пет локации каде имало мини депонии и тоа во село Радишани улица „8“ на спојот со патот на село Љуботен, улиците „Бутелска“ – кај Расадник, „Бетовенова“ на спој со „Алекдандар Бујнов“, парк површина од улицата „Груица Војвода“ позади кино Бутел, Скопје – Север улици „Гоце Стојчевски“ и „Боро Менков“
Лајонс Клуб Зограф вечер во Скопје со почеток во 20 часот го организираат седмиот хуманитарен Црвено-црн бал “Верувај и љуби”
Дебармаалски серенади посветени на виното и љубовта ќе се одржат денеска и утре по 18. пат во организација на Здружението за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ од Скопје
Операција на вродена срцева мана кај дете со минимална инвазивна техника се изведе првпат на одделот за детска кардиохирургија при Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во тек е пријавувањето за упис на постдипломски студии по дидактика и методика на наставата по германски јазик во вториот рок во академската 2019/2020 година.
Екипите на ЈП „Улици и патишта" во изминатиов период санираа плочник на улица 11-ти Октомври пред зградата на Собранието, работеа на реконструкција на оштетувањата на коловозот на скопските улици, санираа заштитна ограда од мостот Тодор Александров, а реконструираа и рабници и тротоари, како и пешачки патеки