Цементарница УСЈЕ денеска преку соопштение посочува дека резултатите од вонредната контрола на алтернативното гориво за потребите на компанијата уште еднаш докажале дека работат според највисоките европски и домашни стандарди и дека употребуваат гориво кое е еколошки безбедно.
Поради метежот од возила што минатиот викенд се создаде на Водно, градските инспектори за патен сообраќај викендов ќе вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини.
Целосно е реконструиран крак од улица „4“, во Бардовци, во должина од 150 метри. На овој начин се олеснува пристапот за повеќе домаќинства од овој дел на Карпош
Општина Аеродром од оваа година ќе исплаќа по 8 000 денари за секое новороденче. Субвенцијата за секое новороденче досега изнесуваше 5 000 денари
Во 2019 година во вкупниот буџет на Град Скопје остварени се 87,2 проценти од вкупно планираните приходи и други приливи во износ од 5,7 милијарди денари.
Претставници од десетте основни училишта на територијата на Општина Карпош, денеска склучија Меморандум за соработка со правното лице за постапување со отпад од пакување „ Пакомак“ ДОО Скопје
Овие критики на денешната прес-конференција ги упати градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов кон ЈО и Државниот инспекторат за животна средина во врска со случајот што градскиот инспекторат го пријави во обвинителството за фирмата „Еко-клуб“ од Битола.
Изградба на нова монтажна катна гаража почнува во Расадник, во општината Кисела Вода, соопшти денеска општината
Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од Општина Аеродром беше дел од проектот на Еразмус+ посветен на екологијата што се одржа во Рига, Латвија, во периодот од 19 до 25 јануари
Зимските служби на Општина Карпош интензивно ги расчистуваат од снег и мраз улиците во Жданец, Трнодол и Бардовци Притоа се распрскува сол, со цел да се стопи мразот и да се овозможат побезбедни улици за движење