Тојпосочи дека се уште се во почетна фаза на имплeментација на стратешките мерки, кои покажуваат дека се даваат резултати.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 09.12.2019 до 13.12.2019 зема 157 примероци за физичко-хемиска и 157 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во градот Скопје.
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 263 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Маглата која утринава ја има по котлините и планинските превои го отежнува сообраќајот низ државата. Намалена видливост има на неколку патни правци, а на скопскиот аеродром се реализрани само неколку полетувања, но ниту едно слетување.
Без струја утре од 9 до 15:30 часот ќе останат корисниците од дел од ул. „Алекса Демниевски“, поточно подулица бр. 9 во Општина Ѓорче Петров.
Од февруари низ скопските улици ќе можат да се видат новите 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас, најави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов на завршната трибина „На прав пат“ што се одржува во Скопје.
Како што соопшти ФИТР, меѓу шесте еко проекти претставени на мини-саем во Битола е и еколошкиот филтер за намалување на штетното влијание на јаглерод диоксид изработен од учениците од „Димитар Влахов“ од Струмица.
Согласно одлуката на Владата, денеска администрацијата на Општина Кисела Вода спроведе голема еколошка акција, го одработи 2 јануари, ден кој беше прогласен за неработен за вработените во државните институции.
Вработените од Градот Скопје чистеа на повеќе локации по должината на Кејот на реката Вардар, на потег од мостот „Обединети нации“ до мостот Тодор Александров (Поранешен Близнак), вториот дел од Градскиот парк и други јавни површини.
Шеесетина ученици од девет средни училишта се запознаа со основите на програмирањето преку иницијативата „Hour of Code“, што вчера се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии.