Во понеделник, 9 декември кој е неработен ден поради државниот празник 8 Декември – Св.Климент Охридски“, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Министерството за труд и социјална политика презема активности за раселување на лицата кои живеат на дивите депонии под Кале, во Ќерамидница и на Вардариште, а кои се идентификувани дека имаат свој дом, соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Од изготвениот Инвентар на хемиските материи/отпад било утврдено во најголем дел несовпаѓање на огласените со констатираните количини отпад. Имено, боци со хлор според податокот од Јавниот оглас се 48 парчиња, а од увид биле избројани 81 парче.
Тој посочи дека Синодот е тој што одлучува и дека кога ќе биде Божик има различни верски пресметувања.
Во работните денови секој ден ќе има 2 часа детска програма која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има 3 часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма која ќе почнува точно напладне.
Градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, денеска го пуштија во употреба новиот парк во Топанско поле, меѓу улиците Втора македонска бригада и Ферид Мурат
Волонтерите и волонтерството во секоја држава претставуваат огромен човечки потенцијал што континуирано се мобилизира согласно потребите и поседува релевантно знаење и вештини корисни за заедницата
Во текот на изминатата недела (28.11 - 04.12.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 322 возила од јавните површини
Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на јавна површина, во населеното место Бардовци
По повод 5 Декември – Светскиот ден на волонтерството, Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе додели волонтерски награди за посебни достигнувања