Црвен крст на град Скопје од денеска до 24. месецов организира активности во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица, преку социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“
Во чест на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје се одржаа три едукативни тури во кои учениците од средните училишта на Град Скопје имаа можност да се запознаат со клучните настани и локации поврзани со ослободувањето на градот пред 75 години
На 16/17.11.2019 во периодот од 23:00 до 04:00 часот од страна на СВР Скопје, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државен инспекторат за труд беа преземeни мерки и активности за контрола во седум угостителски објекти во Скопје
Хуманитарната и општествено одговорна организација Ротаракт Клуб Скопје, денеска ја започна еколошката акција под наслов „Ротаракт Шума", со садење на дрва во Општина Аеродром. Дрвата се засадени на локацијата позната како „парк Нинберг"
Со соодветна механизација, Општина Карпош исчисти уште една дива депонија на територија на Карпош, во околината на Злокуќани, кај напуштеното фудбалско игралиште
Екипите на Град Скопје во зимски услови одржуваат коловозни површини од 2.600.000 квадратни метри.
По барање на општина Центар, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска извршија сечење на 14 целосно суви јапонски цреши од едната страна на улицата Максим Горки
ЈП „Паркови и Зеленило“, на барање на Општина Центар, вчера и денеска изврши интервенција на дрворедот на улицата „Максим Горки“
Наставниците од ООУ „Лазо Ангеловски“ од Скопје учествуваа на прва мобилност на наставници во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ што неодамна се одржа во Хрватска
Во Музејот на Град Скопје денеска ќе се одржи трибина – изложба посветена на основоположникот на модерно Скопје, Јосиф Михаиловиќ