Како што соопшти Дежурно-информативниот центар на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање уличен дефект на улицата „5“ бб во Визбегово. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на активностите
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за една недела санкционираа 340 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот
Без вода утре од 08:30 часот ќе останат корисниците од улиците „Трнодол", „ПопБогомил", „Кнез Хадсон", „Лесновска" и „Јан Хус"
Податоците од мониторинг станицата за квалитет на амбиенталниот воздух во Гази Баба во текот на изминатите пет часа се невалидни поради замена на потрошен дел, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање
Едукативна кампања и акција за чистење на пластичниот отпад и намалување на употребата на пластични амбалажи ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје
Без водоснабдување, во периодот од 9 часот до завршување на интервенцијата, ќе останат корисниците од дел од оваа улица и улиците Никола Кљусев и Скопска (општина Центар).
Од Општината наведоа дека советниците ги усвоиле и измените и дополнувањата на програмите за работа на секторите и одделенијата во Општината
Живеалиштето за кенгурите или реон попознат како „Австралија“ доби нов изглед
Општина Аеродром во соработка со Град Скопје деновиве почна градежни активности за разубавување на Реонски центар
Од оваа сабота, на дел од територијата на Општина Карпош, во Жданец и Трнодол, започнува замената на куќните водомери