Поради верскиот празник Задушница денеска од 14:00 часот и утре во периодот од 6:00 до 16:00 часот ќе биде воведен променет сообраќаен режим кај гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров за што од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот
Општина Карпош ја санираше поголем дел од урбаната опрема (клупи и корпи за отпадоци) околу Драмски театар, во Карпош 2, а локалната самоуправи дополнително постави и нови клупи за седење
Се наоѓаме на половина од мојот мандат. Две години сме заедно. Ги решаваме проблемите коишто ги затекнав чекор по чекор. Ги решаваме на начин којшто ќе овозможи Скопје да стане град каков што веројатно секој од нас потајно го посакува, порача синоќа градоначалникот на Град Скопје на трибината „Чекор по чекор за Скопје, две години со Петре Шилегов“
Предлозите ќе бидат земени предвид доколку бидат исполнети условите на терен, односно земјиштето да е во сопственост на државата и садењето да не ја оштетува подземната инсталација
Во Скопје денеска од 13 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради најавен протестен марш, што ќе започне од паркот во Чаир
Во Скопје денес од 13 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради најавен протестен марш, што ќе започне од паркот во Чаир.
Општините во Скопскиот плански регион минатата година склучиле 273 договори повеќе во споредба со 2017 година. Од нив, 27 договори во вкупна вредност од 778 илјади евра се склучени без објавување на јавен оглас, а 254 постапки се делумно или целосно поништени.
Во текот на изминатата недела (24.10 - 30.10.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 283 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 43 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 240 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице
Пред основното училиште „Братство“, во населбата Тафталиџе 2, денеска е поставен нов „лежечки полицаец“, сé со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот, соопштија од Општина Карпош
Вкупно 110 социјално – загрозени домаќинства во Карпош денеска добија социјални пакети (прехранбени продукти и средства за хигиена), во пресрет на Денот на Општина Карпош- 3 Ноември