Имајќи го како главен приоритет подобрувањето на патната инфраструктура на територија на Чаир, Општина Чаир до сега во текот на овој период има ставено нов асфалт на општа патна површина од 10.055 m2.
– Блокиран е сообраќајот на влезот во Скопје во Автокоманда. Колони со автомобили се заглавени и чекаат и по еден час.
ЈП „Комунална хигиена“- Скопје спроведува едукативни активности на локациите каде што континуирано се создаваат диви депонии, како резултат на неправилното одлагање на отпадот од страна на граѓаните.
Акцијата е дел од проектот на Единицата за брзи артивистички акции финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество-Македонија.
Во Зоолошката градина во Скопје деновиве започнаа подготовките за реновирањето на живеалиштето на морскиот лав, а беше подготвено и новото живеалиште за зебрите Јанош и Јашари кои пристигнаа од Словенија и Чешка.
Домаќин на турнирот е тенискиот клуб „Тенис парк“ ‒ Скопје кој уште еднаш го потврди својот водечки статус во македонскиот тенис и покрај лошите временски услови.
Корисниците од скопските села Миладиновци, Дељадровци и Текија утре од 7:00 до 17:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Средното училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска“ наскоро ќе добие нова енергетски ефикасна фасада со што целосно ќе се промени постојниот изглед на зградата, изградена во 1969 година.
ЈУ Универзална Сала и Град Скопје имаат чест да Ви го најават второто издание на фестивалот на светлината, Skopje Light Art District.
Ве информираме дека во петок (24.05.2019 година), поради државниот празник 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.