Од Управата за финансиска полиција не откриваат повеќе детали, нагласувајќи дека предистрагата е тајна и откако ќе заврши увидот, ќе излезат соодветни законски мерки.
И оваа година Хуманитарната Организација “Свети Спас” пакетчињата ќе ги подели на дечињата од социјално загрозените семејства, на дечињата без родителска грижа, на дечињата со посебни потреби, прифатниот центар Визбегово...
Финансиската полиција ќе ја проверува постапката на Град Скопје во однос на новогодишното украсување на главниот град.
Од Комората на музичка индустрија информираат дека ќе има музичка програма за сечиј вкус, од најпопуларните изведувачи меѓу помладата публика, до македонските музички ветерани.
На месноста Говрлевска Краста на падините на Водно денеска напладне во организација на Одборот за прослава на Бадник 2024 традиционално беа исечени бадникови гранчиња кои на Бадник (6 јануари) ќе им се делат бесплатно на граѓаните пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Зајакнати полициски патроли во центарот на Скопје за превенција од кражби и тепачки за празниците. Засилено полициско присуство е видливо деновиве на најфреквентните делови во Скопје.
Општина Аеродром го заврши украсувањето за новогодишните празници, спроведено со сопствени средства.
Скопје попладнево беше неколку часа под сообраќајна блокада, при што голем број возила и автобуси останаа заглавени по улиците и крстосниците.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска информираше дека украсувањето на главниот град ќе чини 30 илјади евра, многу помалку во споредба со другите години.
Најуспешните беа наградени согласно различните утврдени категории во склоп на донесената одлука од страна на Комисијата за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје и доделување на награди и признанија за 2023 година.