Во Градскиот парк утре во период од 10 до 13 часот ќе се одржи „Хуманитарна праскијада 2019 “, во чии рамки ќе бидат понудени праски и производи од праски, а средствата од нивната продажба ќе бидат наменети за финансика поддршка на диструбуција на храна до социјално загрозените граѓани
Градот Скопје апелира до граѓаните да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот
Општина Аеродром денеска повторно упати апел да не се фрла отров на јавни површини откако од вчера на социјалните мрежи се појавија информации за такви случаи во оваа општина со кои се загрозува животот и на животните и на луѓето, а коишто предизвикаа голема вознемиреност и бурни реакции кај жителите
Аква паркот кој работи во склоп на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе работи до следниот викенд, односно до 8 септември. Во деновите од понеделник до петок нема да биде отворен за посета
Зелениот покрив на Градскиот трговски центар е демолиран од страна на едно лице кое е снимено од безбедносните камери
Град Скопје продолжува да ангажира образовни асистенти за учениците со посебни образовни потреби
Со радост и смеа на најмладите карпошани, со стотина „селфија“ со Мики и Мини Маус и претставата „Зеленковци“ започна 12 – то издание на COOLтурно Лето Карпош 2019
Со демонстрација на вешто возење велосипеди и ролери вечерва во центарот на градот беше отворен првиот памптрак (pumptrack) полигон во Скопје.
Со цел поддршка на иницијативата „Сите сити“, хотел „Мериот“ – Скопје ќе подготви торта од 100 килограми, што ќе биде понудена на првата хуманитарна „Праскијада“
Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите ќе имаат можност да ги покажат своите вештини на новиот „pumptrack“ полигон што го изгради Градот Скопје на површината пред Олимпискиот базен „Центар“