Деновиве се вршат санации, реконструкции, молерисување на дел од училниците и ходниците, заменување на старите светилки, како и други тековни работи за одржување на училишните објекти
Со засилено темпо се извршуваат градежните работи од проектот за реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Свети Кирил и Методиј во должина од 880 метри
Општина Карпош доби средства за промена на системот на греење на детската градинка „Пролет“, во Влае
Нов привремен сообраќаен режим се воведува утре на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје при што сообраќајот на потегот од Мавровка кон Влада ќе се одвива во една сообраќајна лента, а сообраќајот на потегот од Пошта кон Судска палата ќе се одвива во две сообраќајни ленти, информира Град Скопје.
Град Скопје испрати информација до граѓаните дека од утре (13.08.2019 година, вторник), поради градежни активности што се одвиваат за реализација на проектот „Реконструкција на дилатации на мост Гоце Делчев во двата правци“, ќе се воведе нов привремен сообраќаен режим
Деновиве заврши реконструкцијата на улица „4“ во Долно Лисиче, која опфати рехабилитација на оштетениот асфалт и поставување нов тампон и нов слој асфалт
Дел од корисниците лоцирани на булеварот „Партизански одреди“ згради 129 и 131 денеска од 8:30 ќе имаат прекин во водоснабдувањето
Посебен сообраќаен режим ќе се воведе денеска и утре во период од 14:00 до 22:00 часот поради одржувањето на Европското атлетско екипно првенство во националната арена „Тоше Проески“ во Скопје
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска и утре ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим поради изведување градежни работи на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“
Општина Кисела Вода, поради топлотниот бран, а согласно препораките на Владата, од вчера до 14 август ги ослободи од работните обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години, информираат од општината