Првпат во историјата на Град Скопје денеска е напишана првата кривична пријава за неовластено фрлање смет. Станува збор за лице фатено на самото место, на улицата „Александар Урдаревски“ во Општина Бутел.
Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во соработка со останатите градски претпријатија денеска почнаа масовна дводневна акција за генерално чистење на сите скопски општини.
Во Градскиот трговски центар денеска се одржува саемот „Фолк Фест“, каде посетителите имаат можност да видат и да набават традиционални ракотворби, направени од жените од североисточниот регион на Македонија и од југоисточниот регион на Косово.
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, денеска го пушти во употреба новиот систем за контрола на пристап на возила со двојни рампи на затвореното паркиралиште „Аутомакедонија“.
Домашни и странски делегации денеска положија цвеќиња на градските гробишта во Бутел, пред споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во Скопје.
Скопје со повеќе активности и манифестации одбележува 56 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.
Во активностите ќе бидат вклучени сите јавни претпријатија на Град Скопје, невладини организации, сезонски работници и дел од администрацијата на Општина Кисела Вода
Расчистување на дивите депонии, метење и миење на сите градски и општински улици, кастрење гранки и косење трева, пополнување ударни дупки и засилени инспекциски контроли – овие активности ќе ги опфати големата акција за чистење и уредување на јавните градски површини која ќе се одвива утре и задутре, а ќе ја реализираат Град Скопје, градските јавни претпријатија и скопските општини
Водата од Вардар кај Пепелишки мост не се препорачува за капење, рекреација, наводнување на земјоделски површини, напојување стока и риболов, покажала анализата на најновата мостра земена од оваа вода, а испитувана во Центарот за јавно здравје во Велес
По речиси половина век, (по 48 години), ќе биде целосно реконструирана кујната во детската градинка „Орце Николов“, во Карпош 3, која воедно е и најстарата градинка на територија на нашата држава