Суперхикс во недела во МКЦ ја прослави 25-годишнина од првиот настап. Тие се вратија на корените кога во 1994 година на истиот ден започнале со настапот во Доорс во Дебар Маало.
Имотот од околу илјада хектари во близина на Лос Оливос се состои од главна зграда, три куќи за гости, езеро со водопад, тениски терени, штала и други објекти за сместување на животни.
Туристичката организација на српскиот град Лозница на 23 март ќе организира концерт на Калиопи, најавувајќи ја како: „една од водечките дами на регионалната музичка сцена“.
Индонезиските власти во областа Западна Јава издадоа листа на песни кои ќе бидат забранети „поради порнографски содржини и непристојност“, се наведува во објаснувањето Радиодифузната агенција на Западна Јава.
Поранешниот свршеник на Лејди Гага, Тејлор Кини се извини поради „допаѓањето“ на коментар на Инстаграм на нејзина сметка.
Американскиот филмски и телевизиски глумец Лук Пери, најпознат по улогата на Дилан во серијата „Беверли Хилс 90210“, итно е хоспитализиран откако доживеал тежок мозочен удар во својот дом во Лос Анџелес.
Поп-пејачката Лејди Гага (32) пред две недели ја раскинa свршувачката со нејзиниот менаџер Кристијан Карино (50), а како можна причина за тоа се наведува нејзината афера со нејзиниот колега-глумец од филмот „Ѕвездата е родена“, Бредли Купер.
Познатата српска глумица Неда Арнериќ синоќа во критична состојба била хоспитализирана во белградскиот Ургентен центар.
Британската поп-ѕвезда Ед Ширан, на тајна свеченост на која не биле повикани ни неговите најблиски меѓу многубројните славни пријатели, се оженил со својата љубов од детството, Шери Сиборн, објави „Сан“.
Марк Холис, фронтмен на пост-рок бендот „Ток ток“ (Talk Talk), почина на 64-годишна возраст, објавија британски медиуми.