Селин Дион настапи во Ријад, Саудиска Арабија, каде што се одржа модна ревија за прославата на 45-годишнината на модниот бренд „Ели Сааб“ (Elie Saab), чиј основач е дизајнерот Ели Сааб од Либан.
Следната година Универзитетот Јејл во Њу Хејвен, Конектикат, САД, ќе воведе нов курс којшто ќе ја проучува работата и делото на поп-ѕвездата Бијонсе, која веќе важи за една од највлијателните уметници во историјата на американската музика.
Се чувствувам како да пеам можеби подобро отколку што сум пеел со години... Нашата музика е многу, многу различна од голем дел од рок-музика и мора да продолжиме да ја правиме.
Времето на нивните најголеми успеси, се чинеше, помина, но соперништвото ќе живее и во 2025 година. Во февруари ќе бидат доделени новите „Греми“ награди, па и „Битлс“ и „Ролинг стоунс“ се номинирани во некои од најважните категории.
Американската глумица-пејачка Џенифер Лопез во саботата присуствуваше на премиерата на филмот „Злобна“ (Wicked) во Лос Анџелес, каде што воодушеви со својата облека.
Според „Дејли мејл“, комеморацијата ќе се одржи во Велика Британија, по репатријацијата на пејачот.
Американскиот глумец Мет Лебланк целосно ѝ се посвети на својата нова работа - водење салон за користени луксузни автомобили во Лос Анџелес.
Британскиот поп-состав „Колдплеј“ (Coldplay), неодамна го објави својот 10-ти албум „Moon Music“. Содржи 10 песни, а жанрот е истиот - спој на алтернативен рок и поп-музика. Според одѕивот, се чини, песната „We Pray“ е можеби и најбарана од новиот албум.
Пејачот почина на 16 октомври по пад од балкон на третиот кат на луксузен хотел во туристичката населба Палермо во Буенос Аирес. Неговото тело е пронајдено во внатрешниот двор на хотелот „Касасур“.
Ченинг Тејтум и Зои Кравиц наводно се разделиле, по три години врска и скоро една година откако се свршија. Имено, извори блиски до глумците за списанието „Пипл“ (People) тврдат дека на врската ѝ дошол крајот.