Хјустон Рокетс ги совлада Феникс Санс дома со 108:102 во средба каде што Џејмс Харден остана на скок од нов „трипл-дабл“. Тој ги предводеше „Рокетс“ со 41 поен, 9 скокови и 11 асистенции, додека за „сонцата“ учинокот на Девин Букер од 29 поени не беше доволен и тие остануваат на дното во Западната конференција
Лидерот на Евролигата, Фенербахче ја запиша 22-та победа во регуларната сезона против Барселона со 88:82. Турските кошаркари имаа негатива од 9 поени пред последната четвртина, но благодарение на силната игра на Костас Слукас, тие се вратија во игра и го израдуваа тренерот Жељко Обрадовиќ
Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант верува дека само кошаркарскиот тим на Србија може да ги победи САД.
Центарот на МЗТ Скопје, Предраг Самарџиски беше прогласен за најдобар играч (МВП) во последното коло од регуларниот дел од сезоната во АБА2 лигата.
Никола Јокиќ го разочара Лука Дончиќ во битката на две од младите европски ѕвезди во НБА, откако ја донесе победата на Денвер над Далас со 100:99 со кош со звукот на сирената.
Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) потврди дека жрепката за Светското првенство во Кина ќе се одржи во сала во Шенжен
Клеј Томпсон постигна 30 поени, а ДеМаркус Казнс нанижа рекордни сезонава 27 во победата на Голден Стејт со 106:104 над Хјустон во дербито на Западната конференција.
Крилото на Торонто, Серж Ибакка доби казна од три натпревари заради инцидентот со Маркез Крис од Кливленд.
Тимот на Л.А. Лејкерс го надигра како гостин Чикаго Булс со 123:107 во средба од регуларната сезона на НБА. Домаќините го почнаа одлично дуелот и поведоа со 34:16 по крајот на првата четвртина, која беше и најнеефикасна за „езерџиите“ од почетокот на кампањата.
Селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, повторно ќе работи на ниво клуб. 51-годишниот легендарен плејмејкер се ангажира со задача да го внесе Виртус (Болоња) во плеј-офот на италијанското првенство, откако во моментот славниот тим се наоѓа на десеттото место во Серија „А“, а до крајот на сезоната има уште девет натпревари.