Неодамна изградената руска православна црква на периферијата на шведскиот град Вестерос е невино место за богослужба за верниците, но за сe погласна група критичари, потенцијална закана за националната безбедност на Шведска.
Италијанската полиција откри огромна паневропска мрежа за фалсификување чии членови правеле и продавале лажни уметнички дела што им се припишуваат на некои од најголемите имиња во модерната и современата уметност, вклучувајќи ги Бенкси, Пикасо и Ворхол.
Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија, е првиот пример на леукизам кој некогаш бил забележан кај овој вид и истата го воодушеви светот, објавија албанските медиуми.
Тие се грижат за својата економска иднина, а во текот на образованието наидуваат на корупција, велат младите од Балканот во истражувањето на германската фондација Фридрих Еберт.
Овој накит наликува на „шал за на врат“, по својата дебелина. Може да се носи на два начина.
Осум земји, вклучувајќи ги Панама, Уганда, Шри Ланка, Киргистан, Бурунди и Чешка, најавија дека ќе забранат физичко казнување на деца. Активистите тоа го нарекоа „фундаментална промена“ која ќе влијае на повеќе од 100 милиони деца ширум светот, пишува Гардијан.
Оваа година ќе биде најтоплата во историјата и прва во која просечната температура била за повеќе од 1,5 степени потопла од просечната температура во прединдустрискиот период, објавија европските научници.
Да се биде родител не е лесно бидејќи има многу работи за коишто тој / таа треба да се грижи. Меѓутоа, понекогаш родителите не се свесни дека децата ги забележуваат малите нешта што ги правиме за нив или пред нив.
Мозочните игри и вежбите за помнење ги стимулираат нервните патишта и поттикнуваат тн. „невропластицитет“, т.е. способност на мозокот да учи и да се менува.
- Прашањето гласеше вака: „Размислувам за број меѓу еден и сто. После секој обид ќе ви кажам дали бројот е превисок или пренизок. Ако погодите при првиот обид, добивате пет долари, тогаш четири, три, два, еден, и ако на крајот не погодите, ќе ми платите долар, два“, изјави тој.